Гренел до Курти: Нeприфатливо е да се отфрли САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претставник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел оцени дека граѓаните на Косово испратиле силна порака до премиерот Албин Курти на локалните избори дека е неприфатливо да се отфрлат САД и договорите за економска нормализација потпишани во Вашингтон.
Гренел на Твитер додаде дека претседателката на Приштина, Вјоса Османи, при посетата на САД јасно ставила до знаење дека не се согласува со Курти за тоа прашање.
„Луѓето од Косово испратија силна порака до Албин Курти дека е неприфатливо да се отфрлат САД, договорите за чиста обновлива енергија и економска нормализација потпишани во Овалната соба. Вјоса Османи, исто така, јасно им стави до знаење на САД дека не се согласувам со Курти“, напиша Гренел.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This