August 10, 2022, 8:42 am

Локални избори во Косово: Српската листа го освои и Клокот, Курти загyби во Приштина и Призрен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излезноста на вториот круг од локалните избори во Косово и Метохија што се одржа денеска беше 37,88 отсто.

Кандидатот на Српската листа Владан Богдановиќ убедливо води во вториот круг од изборите за градоначалник на Клокот, единствената општина со српско мнозинство во која се одржа вториот круг. Со неговата победа Српската листа ќе има градоначалници во сите 10 општини со мнозинско српско население.

Владејачката партија Самоопределување Албин Курти моментално губи во Приштина и Призрен, покажуваат првите излезни анкети, додека во Гнилане тесна е трката меѓу Курти и кандидатот на ЛДК, а излезните анкети даваат различни резултати со мала разлика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This