August 10, 2022, 8:15 am

Нeceкojднeвeн нacтaн: Жена се пopoди пoд мocт вo Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несекојдневен настан се случил вчеравечер во Прилеп, кога жена се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Како што пренесува „Маркукуле“, екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.

Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради.

Жената до последно работела и се борела да обезбеди храна за да се прехрани.

Очевидци на настанот велат дека бебето и жената биле однесени со возило на брзата помош и апелираат до надлежните служби ваквите настани да не се повторуваат во иднина.

Сакам да прашам во кој свет и век живееме? Нели е бедно и жално тие што имаат вечно да имаат и да се тепаат за фотељи само за да ја надоградуваат империјата, а обичните смртници да патат за леб и вакви случни да се случуваат? Каде се институциите за ваквите ранливи категории? Уствари каде е државата? Се срамам што сум дел од ова општество и овој неправеден свет, каде богатите стануваат уште побогати, сиромашните уште посиромашни! Многу ме интересира што се случи со становите за социјално загрозени категории? Или си се поделија меѓусебно на Петко, на Трајко и остала весела дружина? Господе прости им, не знаат што прават!, е еден од коментарите на Фејсбук.

Извор: markukule.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This