October 6, 2022, 8:34 pm

Орбан повторно избран за лидер на Фидес: Нема да дозволиме Брисел да го нapyши нашиот суверенитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска беше реизбран за лидер на владејачката партија Фидес на 29-от конгрес на партијата во Будимпешта.

Орбан е избран со 1.061 глас „за“, јави МТИ.

Тој рече дека Унгарија нема да ја напушти Европската унија, но дека ќе се спротивстави на обидите на Брисел да го наруши нејзиниот суверенитет, пренесе Ројтерс.

„По комунистичката бирократија… не сакаме нови диктати овој пат од Брисел“, им рече Орбан на делегатите на конгресот, додавајќи дека Унгарија ќе го отфрли западниот либерализам.

„Нема да се откажеме од правото да ги браниме нашите граници, да ги запреме мигрантите… ние инсистираме дека бракот во Унгарија е помеѓу маж и жена, таткото е маж, а мајката е жена… оставете ги нашите деца на мира“, додаде тој.

Орбан (58) порача дека ЕУ мора да се реформира и дека целта на Унгарија е да се случат промени, а не да го напушти блокот во кој се приклучи во 2004 година.

„Ние воопшто не сакаме да излеземе од ЕУ, не можат така лесно да се ослободат од нас“, рече тој.

„Сакаме да го задржиме нашиот суверенитет и не сакаме да се најдеме во обединети европски земји, наместо во интеграција“, рече Орбан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This