December 8, 2022, 6:43 am

Трипуновски: Езерото Турија со 4 пати намален капацитет, со оваа власт езерата се во опасност од исчезнување и пресушување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Се наоѓаме пред браната Турија, како што гледате и сами нивото на водата во ова езеро е четири пати намалена од вкупната количина. Моментално во езерото има нешто над 23% вода од вкупниот волумен кој што може да биде прифатен. Зоран Заев и оваа Влада несовесно управуваат со водниот фонд и ги пресуши езерата“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски додаде дека езерото Турија и покрај за вода за пиење се користи и за наводнување на земјоделските површини.

„Годинава што помина немаше доволно вода, и како што продолжува Владата со несовесно управување на водниот ресурс под голем знак прашалник се доведува и идната земјоделска производствена сезона. Езерото Турија е клучно езеро за струмичкиот регион. Илјадници земјоделци зависат од водата на ова езеро“, заклучи Трипуновски.

Трипуновски посочи дека со оваа власт езерата се во опасност од исчезнување и пресушување. А, последиците ќе траат неколку години.

„Време е оваа власт да си замине и под итно да се преземат неопходни чекори кои што се од суштинско значење и за земјоделството и за енергетиката“, нагласи Трипуновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This