дома Социјални Мрежи АБЕР НЕМА ДА ПОЧНЕ СО РАБОТА: Додека научи како функционира општината, тешко...

АБЕР НЕМА ДА ПОЧНЕ СО РАБОТА: Додека научи како функционира општината, тешко на аеродромци!

Абер нема да почне со работа новиот градоначалник на општина Аеродром, се жалат граѓаните на социјалните мрежи, објаснувајќи дека веќе два месеци од неговото доаѓање на функција човекот сеуште нема свикано колегиум со раководителите на секторите за да ја координира работата на општината

 

Уште помалку, се додава во текстот објавен на Фејсбук, Марин се зафатил со решавање на проблемот со загадениот воздух од кој се гушат аеродромци, каде всушност и загадувањето е најголемо во цела Македонија.

Наместо тоа, Марин уште од првиот ден од доаѓањето на функција започна со реализирање на дадените ветувања кај фирмите и бизнисмените од кои бараше поддршка, па започна да им дели тендери. Меѓу нив и синот на „рејтингашот“ кој никогаш ништо не погодил Ѓорѓи Спасов, „лапна“ тендер за ПР на општината, кој се претвори во злоупотреба на општинските средства за комуникација со граѓаните.