дома Балкан АВДУЛА ХОТИ: Премиерот,Претседателот и Парламентарниот спикер на Косово го кршат Уставот

АВДУЛА ХОТИ: Премиерот,Претседателот и Парламентарниот спикер на Косово го кршат Уставот

Mesto: Brisel Datum: 18.07.2018 Dogadjaj: POLITIKA/EVROASERVIS - sastanak evropskog komesara za migracije Dimitrisa Avramopulosa i ksosovskog predsednika Hašima Taèija o viznoj liberailzaciji Licnosti: Hashim Thaçi, Ramuš Haradinaj

Шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти ги обвини раководителите на трите највисоки државни институции дека со нивните дејствија го кршат Уставот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти во објава на Фејсбук ги посочи конкретните, според него, противуставни дејствија на претседателот на државата Хашим Тачи, првиот човек на Собранието на Косово, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.

– Суверенитето и границата на Косово се бранат со уставни одлуки. Премиерот, со делегирањето на дијалогот со Србија кај претседателот, го прекрши Уставот со тоа што не ги извршува своите уставни обврски. Претседателот секојдневно го крши Уставот залагајќи се, во и надвор од Косово, за корекција на границите. Парламентарниот спикер е само публика, води кампања на терен без никаква институционална сериозност, а се нарекува себе си шеф на владејачката коалиција-напиша Хоти.

Според шефот на пратениците на најголемата косовска опозициска партија, „за да ги покријат промашувањата и неуставните заложби, претседателот, премиерот и претседателот на Собранието ги заострија меѓусебните обвинувања“.