дома Македонија Авион на „Туркиш Ерлајнс“ прв слета на скопскиот аеродром – Го пречекаа...

Авион на „Туркиш Ерлајнс“ прв слета на скопскиот аеродром – Го пречекаа со „воден мост“ (ВИДЕО)

Утрово прво слетување по неколкумесечен застој поради Ковид 19, направи авионот на „Туркиш Ерлајнс“, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници.

„Го пречекавме со авијацискиот поздрав за „добредојде“ – воден мост во форма на виножито“-информираа од скопскиот аеродром.

Веднаш по него (7:56h) слета и авионот на Пегасус Ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патници. Веќе воспоставени се и линиите со Бремен, Келн, Стокхолм и Ларнака, а во периодот кој следува ќе се враќаат и останатите „стари“ линии кои сообраќаат од и до скопскиот и охридскиот аеродром.

На првиот ден од реотворањето, 1 јули 2020 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници.