дома Свет Авион се забил во куќа покрај главниот град на Филипините, десет лица...

Авион се забил во куќа покрај главниот град на Филипините, десет лица загинале

Помал патнички авион во кој имало пет лица, се забил во куќа кратко пред полетувањето северно од Манила во саботата, јавуваат светските медиуми.

Во несреќата загинале сите луѓе во авионот и уште пет лица на земја, објавиле властите. Авионот “Piper-23 Apache” полетал од аеродромот во градот Пларидела и кратко потоа се забил во куќа во близина на Манила.

Несреќата предизвикала пожар во која изгорела куќата, а уште две лица биле повредени, објавила полицијата. Причината за несреќата не е утврдена, а сведоците изјавиле дека авионот удрил во електричен столб пред да се забие во куќата.

На интернет биле објавени фотографии кои ги прикажуваат остатоците од авионот, урнатата куќа и чадот кој се проширил по несреќата.

Портпаролот на филипинското цивилно воздухопловство, Ерик Аполонио, изјавил дека авионот на компанијата “Lite Air Express” бил на пат кон градот Лаоаг.