дома Свет Австралија ги заострува работните визи за странците

Австралија ги заострува работните визи за странците

Австралија планира да ги укине работните визи за странци и да ги замени со привремени, кои обврзуваат подобро познавање на англискиот јазик и високи работни квалификации, најави денеска австралискиот премиер Малколм Турнбул.

– Нашите реформи ќе имаат едноставен фокус: австралиската работа и австралиските вредности – напиша Турнбул на својот Фејсбук профил.

Тој очекува промените на „визната програма 457“ да привлечат подобро квалификувани работници.

– Ние сме земја на имигранти, но останува фактот дека австралиските работници мора да имаат приоритет за работите во земјата -нагласи Турнбул.

Визната програма 457 има за цел да го пополни недостатокот на Австралија од квалификувана работна сила, а странските работници можат да ги донесат и своите семејства.