November 29, 2022, 4:43 pm

Австриското oбвинитeлcтвo пoбapa ykинyвaњe нa имyнитeтoт нa Kyрц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриското Обвинителство за економски криминал и корупција од парламентот побара да му го укине пратеничкиот имунитет на доскорешниот канцелар Себестијан Курц, кој неделава положи заклетва како пратеник.

Обвинителството упатило барање за укинување на пратеничкиот имунитет за да може да продолжи со истрагата против него по обвинувањата за проневера и поткуп.

Од пратеничкиот клуб на Нардоната партија (ОВП), чиј нов шеф е Курц, порачаа дека не само што ќе го поддржат ваквото барање, туку дека се радуваат што тоа е испратено толку брзо, во оваа фаза од истрагата.

-Со тоа ќе се овозможи брзо да се отфрлат сите обвинувања против Курц, се наведува во соопштението на пратеничкиот клуб на ОВП.

Одобрението за продолжување на истрагата веројатно ќе биде дадено на една од следните пленарни седници на парламентот, бидејќи Курц во времето за кое е обвинет за кривичните дела не беше пратеник, и тие дела не се поврзани со неговото делување како пратеник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This