АВСТРИЈА ЌЕ ГО БЛОКИРА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС: Британските медиуми пренесуваат дека Австрија ќе го „саботира“ Договорот за промена на името во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија се закани дека ќе го саботира тешко договорениот Договор со Грција за промена на името, освен ако Европската Унија не ги прекине разговорите за членство со Турција, во последниот знак на длабоки поделби во блокот што се разгоре поради несогласувањето околу миграцијата, пишува британски Телеграф.

Грција и Македонија презедоа голем чекор кон затворање на речиси тридеценискиот жесток спор во неделата, бидејќи земјите потпишаа договор со кој ќе се преименува оваа балканската нација во „Република Северна Македонија“, во замена за ветување од Атина дека нема да ги блокира напорите на Скопје за влез во ЕУ.

Пробивот со договорот беше постигнат поради сомневања дека Поранешната Југословенска Република Македонија го посакува грчкиот регион на Македонија. Но, договорот сега може да се одрази на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел на 28 јуни, велат дипломати од ЕУ за Телеграф.

Секој самит на Европскиот совет најчесто завршува со објавување на збир на заклучоци, кои делуваат како политички инструкции до Европската комисија.

Австрија ги информираше дипломатите во Брисел дека ќе ги блокира сите заклучоци за проширувањето на ЕУ, ако Турција се спомене заедно со Македонија и земјите од Западен Балкан, како Србија и Црна Гора, кои се надеваат дека на крајот ќе се приклучат на блокот.

-Австрија ни кажа дека ќе ги блокираат заклучоците на Советот околу Турција, изјавил неименуван европски дипломат. Не е преседан една земја да ги блокира заклучоците, но овој случај е редок и најчесто е последна опција.

Ако се спроведе оваа закана ќе го зголеми политичкиот притисок кон премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Заев мора да го добие договорот, односно да биде усвоен од неговото Собрание и одобрен на референдум, додека Ципрас, кој во саботата преживеа гласање за недоверба, се соочува и со домашната опозиција поради договорот.

-Македонскиот претседател и опозицијата се против договорот, но отворањето на преговорите со ЕУ е морковот со кој ќе ги убедува луѓето да го поддржат договорот на референдумот”, изјавил друг неименуван дипломат, додавајќи дека ако нема заклучоци на Советот, нема да има ниту морков.

Европските дипломати ќе продолжат да преговараат за заклучоците во периодот до самитот кој ќе се одржи за две недели, но Виена не покажува знаци на ублажување на својот тврд став, и покрај поддршката за разговорите за членство за некои земји од Западен Балкан.

Австриската влада, која го презема шестмесечното ротирачко претседателствување со ЕУ следниот месец, потврди дека не ја променила својата позиција.

Македонија се соочува со долгогодишни тешки преговори и реформи, пред да може да и биде дозволено да влезе во ЕУ. Турските разговори за пристапување, кои започнаа во 2005. година, долго се одложуваат и нема шанси таа да се приклучи кон ЕУ во догледна иднина, пишува Телеграф.

31-годишниот австриски канцелар, кој го критикуваше Брисел поради миграцијата и буџетот на ЕУ, претходно ги нападна де факто замрзнатите преговори со Анкара кога беше министер за надворешни работи во 2016. година. Австрија подоцна ги блокираше заклучоците на самитот за Турција.

Драмата која се случува сцената во Брисел може да се претвори во потенцијално експлозивен спор околу миграциската политика на ЕУ која треба да биде на чело на самитот на ЕУ и може да ја собори германската канцеларка Ангела Меркел.

Во средата Курц повика на „оска на волја против илегалната миграција“ со новата популистичка италијанска влада и Германија, која е „сардисана“ од коалиционите поделби врз миграционата политика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This