дома Балкан АВТОНОМИЈА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА: Лерин и Серес осамнаа со летоци...

АВТОНОМИЈА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА: Лерин и Серес осамнаа со летоци потпишани од досега непозната организација!

Провокација на Македонците како што тврдат грчките медиуми или пак операција на грчките служби за бeзбeднocт која има за цел да се предизвика негативен имиџ за македонското малцинство во оваа земја.

Како што пренесува Стар.гр  деновиве се појавиле летоци во околината на Лерин и Серес, Егејска Македонија со содржина која повикува на Автономија на Егејска Македонија во Грција.

Летоците се потпишани од засега непознатата организација ВМРО Обединета и во нив се повикуваат македонските браќа од Егејска Македонија да се обединат за Автономија на Македонија.

Веста за летоците прв ја објави весникот Илинден на Македонците во Албанија.