дома Актуелно Агенцијата за национална безбедност, храм на политичкото пoдзeмje – местенки, рекет и...

Агенцијата за национална безбедност, храм на политичкото пoдзeмje – местенки, рекет и криминал

Наместо реформа во безбедносниот систем и ставање под контрола на злоупотребата на државните ресурси кои неретко беа киднапирани од политичкото подземје, Агенцијата за национална безбедност која веќе не е под контрола на Министерството за надворешни работи, туку под директна команда на Премиерот и Владата се претвори во примарна алатка за политичко/криминални пресметки на владејачките структури со сите нивни неистомисленици.

Она што Прибе го бараше до Македонија со цел ставање под контрола на дивеењето на тајните полициски структури се претвори во козметички потфат со единствена цел, насликување на розева слика за „реформаторот“ Зоран Заев.

Реалноста сепак е далеку од тоа што го бараше Прибе.

Последниот рекетарски скандал во кој беа вмешани структури на АНБ, е само врв на сантата лед која значи криминална структура длабоко импрегнирана во утробата на државната безбедност.

Колку за потсетување, во четвртокот Михаил Младеновски соработник на Вилма Русковска и Вилијам Шекл вработен во АНБ и лице со Австриско државјанство беа приведени во полициската станциа Кисела Вода поради вршење на изнуда врз бизнисменот Кочо Моцан, познат во јавноста како Кочо Технометал.

Лицата биле фатени со 5.000 евра поткуп, маркирани банкноти, кои им ги предал пак друго лице кое претходно беше под прогон во една странска држава поради сомнение за местење на фудбалски натпревари.

Она што загрижува повеќе е што во Агенцијата за национална безбедност воопшто не се почитуваат законските одредби, па оттаму, и вработувањата во АНБ се вршат по слободна проценка на директорот, партиски и лични ургенции.

– Реформите на Прибе ниту беа реформски, затоа што беа козметички реформи и беа донесени заради кревање имиџ во јавноста и глумење загрижени државници, а ниту пак беа приоритети, затоа што процесот на реформа се раздолжи до непрепознатливост, а крајниот резултат беше „мртвороденче“, односно служба која беше компромитирана уште во своето основање, уште во самиот процес на „селекција“, со непочитување на законските одредби за тест за интегритет и полиграфски тест за новите вработени, но и со одврзани раце за нови вработувања (без и со конкурси) и можности за преземање од други државни органи – вели Деканот на факултетот за безбедност при Европскиот Универзитет Александар Нацев.

Меѓу останатите, началник во АНБ е и Јовче Ременски, сопруг на Фросина Ременски, екс-пратеничка која беше вмешана во скандалот со рекетирање на бизнисмени заедно со Катица Јанева од СЈО и Бојан Јовановски-Боки 13.

Токму Јовче Ременски важи за заштитник на овие две лица кои вчера беа фатени при вршење на рекет, а според информациите на Инфомакс, тој и ургирал истите да бидат итно ослободени од полициската станица во Кисела Вода.

Овие две лица, Вилијам Шекл и Младеновски се вмешанни во повеќе кривичнин процеси – едниот како истражител, а другиот како заштитен сведок во случајот 27.април.

Шекл, кој иако има двојно државјанство и е врабтоен во АНБ, според информациите на Инфомакс е и лицето кое работело на местењето на бизнисменот Орце Камчев со фалсификување на службената белешка во која било додадено и дека истиот подготвува бегство.

Ова исто лице е вмешано и во фабрикување на информацијата за наводна подготовка на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, и е токму тој истражител на Вилма Русковска за која таа зборуваше уште вечерта кога Мијалков не се појави на распит пред обвинителство.

А.Митовски