дома Македонија АГИТИРАЊЕ ВО ГАЗИ БАБА: Координатор на советничка група и претседател на огранок...

АГИТИРАЊЕ ВО ГАЗИ БАБА: Координатор на советничка група и претседател на огранок на политичка партија цело утро вршат притисоци!

Граѓани од општина Гази Баба утринава биле вознемирени од притисоците кои им ги вршеле во агитирањето членови на одредена опозициска политичка партија

Имено, од утринава претседател на една опозициска партија од огранокот во Гази Баба заедно со подмладокот на партијата оди од врата на врата и го прекршува изборниот молк, агитирајќи противправно во населбата Хиподром.

Заедно со нив е и координатор на советничка група на една политичка партија во општина Гази Баба, кој се координира со подмладокот на партијата пред да одат по становите и куќите, а го обезбедува и превозот.

Агитирањето се случува на само неколку метри спроти училиштето „Вера Јоциќ“ каде што во моментов се одвива изборниот процес!