дома Политика АДЕМИ СО НАВРЕДИ КОН ТРАМП, ХАЛИЛИ СО ЗАКАНИ ЗА ПОВТОРУВАЊЕ НА 2001-ВА:...

АДЕМИ СО НАВРЕДИ КОН ТРАМП, ХАЛИЛИ СО ЗАКАНИ ЗА ПОВТОРУВАЊЕ НА 2001-ВА: Трамп бил „најниско можно ниво“, а македонската дијаспора да била направена сапун!

Еден од водечките луѓе на СДСМ, Едмонд Адеми за Трамп вели дека е конфликтна личност со дезинтегрирачки ставови, склон кон навреди, комуникација на најниско можно ниво, неинформиран и површен.

Овие дисквалификации кон демократски избраниот претседател на САД, со лајк на статусот на Фејсбук ги поддржува Никола Наумоски, братучед на Радмила Шекеринска и долгогодишен активист на Сорос.

Првиот коментар на статусот на Адеми доаѓа од Мухамед Халили, кој исто така е поддржувач на СДСМ, кој меѓудругото се закани со војна и повторување на 2001 година, во статус на својот профил.

-Да им кажам дека во 2001 година Републиканци беа на власт и Трамп го заболе за Македонија или да ги оставам уште да се бламираат, напиша тој.

Под сликата од македонската дијаспора, неговиот пријател Гоце Велески од СДСМ за македонските иселеници вели:

„Сите овие заслужуваат да бидат направени сапун“, на што Мухамед Халили одговара:

„Да нема трага од нив, никаков вид.“

Кон овие оценки за Трамп се придружува и Синоличка Трпкова, долгогодишен поддржувач на СДСМ.