December 8, 2022, 7:01 am

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП СЕ РАСПАЃА: Главниот економски советник на Трамп си поднесува оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-банкарот на „Голдман Сакс“ Гери Кох ќе ја поднесе својата оставка до Белата Куќа каде што служеше како директор на Националниот Економски совет под претседателот на САД Доналд Трамп

Некогаш сметан за еден од највлијателните, најразумни и бизнис-ориентирани гласови во Белата Куќа, Кох ќе си замине од администрацијата на Трамп поради одлуката на претседателот да наметне давачки за сите алуминиумски и челични продукти кои се увезуваат во САД, пренесува „Њујорк Тајмс“. Кох силно се спротивставувал на воведувањето на новите тарифи.

„Беше чест да и се служи на мојата земја и да се поттикнат политиките за економски раст во корист на Американскиот народ“, изјавил советникот.

Кох ја загуби својата битка во спречувањето на Трамп да ги воведе новите тарифи за увоз, кога минатиот четврток претседателот на САД најави рамна тарифа од 25% за сите производи од челик и алуминиум кои се увезуваат во САД. „Политико“ пренесува информација од извор во администрацијата на Трамп, дека еден од економските советници бил „страствено заинтересиран“ за воведувањето на ваков вид на тарифи.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This