дома Македонија АКО САКАМЕ ВО ЕУ МОРА ДА СЕ OTKAЖЕМЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА:...

АКО САКАМЕ ВО ЕУ МОРА ДА СЕ OTKAЖЕМЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА: Скопје да се отkaже од признавање на македонско малцинство во Бугарија

Владата на Бугарија денеска треба да ја утврди позицијата и условите за поддршка на евроинтеграцијата на Македонија.

Вицепремиерката и министер за надворешни работи Катерина Захариева вчера изјави дека ќе бидат утврдени најважните услови на Софија за поддршка на членството на Скопје во ЕУ.

Во пресрет на очекуваната одлука на Советот на ЕУ за отворање на преговорите, Захариева вели дека Бугарија има интерес тие да почнат, но оти поддршката нема да биде безусловна.

Условите што ќе ги постави Софија се Скопје да ги запре сите претензии за признавање на македонско малцинство во Бугарија, да запре антибугарската идеологија и говорот на омраза, постигнување согласност околу историските прашања и јасни временски одредници за исполнување на овие услови.