дома Македонија АКТИВИСТИТЕ НА СДСМ/СОРОС ВО ТЕЖОК ОЧАЈ: Ја прогласија САД за фашистичка, а...

АКТИВИСТИТЕ НА СДСМ/СОРОС ВО ТЕЖОК ОЧАЈ: Ја прогласија САД за фашистичка, а поддржувачите на Трамп за кретеноиди

Самопрогласената активистка за човекови права која беше во првите редови на платеничката револуција на СДСМ/Сорос, Мирјана Најчевска ги прогласи САД за фашистичка држава, а поддржувачите на Трамп за кретеноиди.

-Да бидам јасна, за да не дојде до некоја забуна: Секој кретеноид од Македонија кој ја поддржува власта на Трамп со тоа се идентификува себеси како фашист. Антифашизмот и антифашистичкото движење мора да добие светски размери заради тоа што ваквите идеи се повампируваат и го загрозуваат напредокот на човештвото, а наша должност е борбата со фашизмот да ја започнеме во сопствената држава. Борбата започнува со идентификување на оние кои ги застапуваат вредностите на фашизмот, напиша Најчевска.

Најчевска беше еден од предводниците на платеничката револуција на СДСМ/Сорос и фрлаше бои дури и по полициски станици. Јавноста ги памети нејзините постојани навреди кон македонскиот нaрод.

-Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил и додава дека ова тврдење било подобро отколку тврдењето на политичарите дека народот е мудар и паметен.

-Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен. Вистината е многу поедноставна. Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска.