дома Политика АЛАЃОЗОСКИ НА КЛУПА ЗА РЕЗЕРВИ: БЕСА на Гаши добила понуда од Заев...

АЛАЃОЗОСКИ НА КЛУПА ЗА РЕЗЕРВИ: БЕСА на Гаши добила понуда од Заев за министерство за култура?

БЕСА на Африм Гаши добила понуда од премиерот Зоран Заев кој неодамна истакна дека на крај е реконструкцијата на Владата, објави Независен весник.

Неофицијално, како што јавува канал 5, иако не соопштуваат сеуште детали, во игра е Министерството за култура, како и дел од директорските позиции кои ги држеше Алијансата на Села.

Висок партиски функционер изјавил дека не сака да шпекулира пред конечниот договор.

Инаку, веќе долго се шпекулира дека СДСМ и ДУИ ќе направат трампа меѓу министерствата за образование и правда.