дома Балкан АЛБАНЕЦ УАПСЕН СО 10 КИЛОГРАМИ КОКАИН: Долетал од Сао Паоло со 10...

АЛБАНЕЦ УАПСЕН СО 10 КИЛОГРАМИ КОКАИН: Долетал од Сао Паоло со 10 килограми кокаин, уапсен во Истанбул

Дрогата била завиткана со посебна хартија која оневозможува идентификација од контролорите на аеродромот.

Истанбулската полиција, на меѓународниот аеродром „Ататурк“ уапсила албански државјанин откако во неговата патна торба открила 9,7 килограми кокаин.

Албанецот со иницијали Н.К.(48) пристигнал со авионот кој долетал од Сао Паоло, Бразил.

Дрогата била завиткана со посебна хартија која оневозможува идентификација од контролорите на аеродромот.

Во меѓувреме успешна акција во спречување обид за швец на скапа дрога имала и грчката полиција, која уапсила албанска државјанка и запленила пет килограми хероин.

При конторла во нејзиниот стан во Солун полицијата заленила и седум мобилни телефони, електрична вага и 8.365 евра. Во интерес на истрагата идентитетот на уапсената не е соопштен. (МИА)