дома Политика АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ДЕНЕС НА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА: Попладне ќе се сретнат албанските партии,...

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ДЕНЕС НА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА: Попладне ќе се сретнат албанските партии, потписнички на платформата

Партиите на Албанците потписници на Платформата, денеска седнуваат на заедничка маса. Како што информираше Зијадин Села, од Алијансата за Албанците средбата се одржува на нивна иницијатива

Алијансата за Алнанците, ДУИ и Беса денеска попладне ќе одржат заедничка средба во Скопје.

Потписниците на платформата бараат и промена на Уставот во која ќе се утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија.

Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека за нив е прифатливо се во рамките на Уставот.