дома Политика АЛБАНСКОТО ГО ЗАВЗЕМА МЕСТОТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Штабовите на СДСМ се китат...

АЛБАНСКОТО ГО ЗАВЗЕМА МЕСТОТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Штабовите на СДСМ се китат со албански знамиња – Македонското се поретко!

Како што тече камањата, а и претходно, албанското знаме го завзема просторот на Македонското во штабовите на СДСМ и нивните очајни митинзи

Членот на извршниот одбор на СДСМ кој неколку дена пред почетокот на кампањата се дрзна да го нарече Македонскиот херој Јохан Тарчуловски воен злосторник, објави фотографии од средба со „граѓани“ во Орланце и Сингелиќ.

Како и неговите колеги кои беа набркани од Брвеница, и неуспешниот обид за митинг на Заев во Аеродром, така и Зекири наиде на два-тројца членови на СДСМ собрани во штабот по Албанското знаме кое полека но сигурно го завзема местото на Македонското.

Претходно денес, Петре Шилегов беше набркан од жителите на тетовско Брвеница по што бил принуден да се скрие во земјоделската аптека, сопственост на член на СДСМ, плашејќи се да не изеде ќотек од народот поради неговите изјави во врска со нападот во Диво Насеље, каде што животот го загуби еден Брвенчанец.

Освен Шилегов, граѓаните низ Македонија масовно ги бојкотираат митинзите на СДСМ на кои се собираат едвај неколку стотина луѓе од локалните штабови на СДСМ. Вчера, во Прилеп, Заев им подметна албанско знаме на прилепчани кои револтирано го напуштија митингот.