дома Македонија АЛЕКСАНДАР ОД РЕСЕН БИЛ ФАСЦИНИРАН ОД „КОРНИШОНОТ“: Математичарот Александар Блажевски е авторот...

АЛЕКСАНДАР ОД РЕСЕН БИЛ ФАСЦИНИРАН ОД „КОРНИШОНОТ“: Математичарот Александар Блажевски е авторот на „корнишонот на премиерот“

Александар Блажевски од село Јанковец, Ресенско, е вистинскиот автор на спорните песни кои излегоа во збирката поезија „Млади поети“ објавена од Агенцијата за млади и спорт.

Блажевски за „Независен весник“ потврдил дека тој е авторот и дека многу сакал некаде да бидат објавени негови песни, затоа и аплицирал на конкурсот. Според него, тој исполнувал еден од условите на конкурсот, дека треба да аплицираат поети што немаат ништо издадено, но спорна била возрасната граница до 29 години.

– Пишувам песни, пишувам поезија. Му кажав на Даниел дека ќе аплицирам од негово име, бидејќи јас имам над 40 години. Сакав моите песни да излезат на виделина и да бидат прочитани. Ако има некаква правна основа да се реагира, јас стојам целосно зад секој напишан збор и ја преземам целата одговорност – рекол Блажевски во телефонскиот разговор за „Независен весник“.