дома Македонија АЛЕКСАНДРОВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО НА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА: Била разочарана од третманот на медиумите!

АЛЕКСАНДРОВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО НА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА: Била разочарана од третманот на медиумите!

Независната пратеничка Емилија Александрова не сака да ја коментира информацијата за вработувањето на ќерка си Сара Александрова во Фондот за иновации и технолошки развој.


Не би сакала да давам изјави поврзани со ќерката и фамилијата. Разочарана сум од тоа како медиумите ги третираат семејствата, децата на јавните личности, рече Александрова, прашана за тоа дали нејзината ќерка Сара е вработена во Фонд за иновации.

Александрова не одговори ниту за шпекулациите дека нејзината ќерка е вработена преку врски, благодарение на нејзиниот глас за промена на Уставот.

Не би сакала да коментирам, рече Александрова.
Одговор на прашањето во врска со вработувањето на Сара Александрова најави и Фондот за иновации и технолошки развој, но, оттаму инсистираат комуникацијата да биде преку електронска пошта.