дома Актуелно АЛИ АХМЕТИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПРЕМИЕР: Ако ВМРО-ДПМНЕ не освои мнозинство гласови...

АЛИ АХМЕТИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПРЕМИЕР: Ако ВМРО-ДПМНЕ не освои мнозинство гласови Али Ахмети ќе биде новиот премиер на Р.Македонија!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по изборите на 11 декември ја пикира премиерската фотелја. Оваа варијанта е тешко изводлива доколку една од македонските партии успее да освои 63 пратенички мандати.

Висок функционер на ДУИ за „Дневник“ истакна дека ова не е неизводлива мисија, туку цел на интегративците на предвремените парламентарни избори доколку поради изборниот резултат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како претенденти за премиерската функција не успеат да состават влада.

Тоа што е новина за изборите на 11 декември во албанскиот политички блок е дека и ДУИ и ДПА излегуваат со кадровски позиции што ќе ги стават на маса пред македонскиот партнер и пред денот на гласањето, односно и пред да се знаат победниците од македонскиот и од албанскиот блок.

Ахмети, освен премиерското столче, ги мерка и сите економски ресори, а лидерот на ДПА, Мендух Тачи, се мести за вицепремиер во новата влада со право на вето. Од ДУИ велат дека остануваат на позицијата дека на една од трите највисоки државни функции – премиер, претседател на Собранието и шеф на државата – треба да биде Албанец.

– Наша цел е премиер на Македонија да биде Али Ахмети. Ова не е невозможно. Без оглед дали на изборите ќе победи ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, можно е мандатарот Никола Груевски или Зоран Заев да не успеат да состават влада. Без ДУИ, односно без прифаќање на нашата платформа, ниту една македонска партија која ќе победи на изборите не ќе може да состави влада. Во таков случај шефот на државата мандатот за новата влада ќе треба да му го даде на Ахмети, односно на ДУИ како трета партија според бројот на освоените гласови на изборите, вели за Дневник висок функционер на ДУИ.

https://www.youtube.com/watch?v=7u-DF_I2X-g

Тезата за Албанец премиер веќе од поодамна е заговарана од најголемата опозициска партија СДСМ и нејзините гласноговорници. Љубомир Фрчкоски при едно свое гостување во емисија на телевизија Телма предложи Албанец за премиер.

-Концептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

СДСМ на овие избори сериозно смета на албанските гласови. За ова зборуваше и Зоран Заев при своето гостување на порталот НОВА ТВ кај Борјан Јовановски.

-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на владејачката коалиција, Никола Груевски, од вчерашниот митинг во Кочани порача дека СДСМ ги лаже своите членови за широка коалиција, а не се свесни каква огромна разлиак во гласови ги очекува. Додека тие, додаде Груевски, го убедуваат нивното членство дека ќе изгубат со мала разлика и дека ќе има широка коалиција, додека се борат да ја спречат депресијата во која запаѓа нивното членство и гласачи, сакам да им порачам дека разликата ќе биде огромна.
-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе победи со така голема разлика што на памет нема да им падне да бараат да влегуваат во широка коалиција. И нема да биде 7-8 ќе биде повеќе, ќе биде убедливо, затоа што овој народ е свесен дека без 63 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ не може да заврши политичката криза во Македонија. Ги гледам и нивните платеници ја шират оваа теза дека ќе има широка коалиција, дека СДСМ ќе влегла во Владата, а не се свесни каква огромна разлика во гласови ги очекува. Што е поентата на изборите ако сите партии влезат во Владата? Јасно е дека ова е последниот обид на СДСМ да го дигне нивното членство кое е во почетна фаза на депресија, рече Груевски.