Алapмантен број на изборни нepeгуларности на бугарските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на изборната кампања во Бугарија, до 15 часот денеска (по локално време), Министерството за внатрешни работи на таа држава добило вкупно 982 сигнали за кршење на изборното законодавство и политичките права на граѓаните, соопшти МВР на Бугарија.

Во споредба со податоците во исто време на парламентарните избори во април, има зголемување од 83 отсто на регистрираните сигнали.

Изготвени се 9.936 протоколи за предупредување, што претставува зголемување за 539 отсто од претходните избори.

Заклучно со 16 часот девет лица се обвинети за купување гласови, и има 76 предистражни постапки за изборни прекршоци, соопшти Обвинителството на Бугарија.

Бројките се дадени по информации на граѓани и Министерството за внатрешни работи и содржат податоци и докази за нудење имотна корист за гласање за одреден кандидат, политичка партија или коалиција.

Засега нема извештаи за сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

Педесет и два машини веќе не се во функција на изборите (до 16.30). Во државата има 10.516 машини за изборниот процес. Во Софија има 10 изборни места кои преминале кон гласање со гласачки ливчиња.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This