Алapмантно во Бугарија: Починaлe 310 лица за 24 часа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Критична е епидемиолошката состојба во Бугарија, каде за 24 часа починаа 310 луѓе. Земјата има 6.007 нови случаи и 310 починати за едно деноноќие. Бугарија во изминатите две седмици ја има и највисоката стапка на смртност од ковид-19 во Европската Унија.

Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати лица како последица од компликации предизвикани од коронавирусот биле невакцинирани. Бугарија бележи рекорди катадневно со новозаразени лица од почетокот на пандемијата. Изминативе 24 часа се евидентирани 6.007 новозаразени што е 12,05 отсто од вкупно направените 49.862 тестови. Во болниците се примени 1.341 лице од кои 90,16% не се вакцинирани. Вкупно на лекување во болниците има хоспитализирани 8.030 пациенти, а вкупниот број активни случаи во земјата е околу 100.000. На интензивна нега се 669 лица.Б ројот на вкупно починати лица од почетокот на пандемијата се искачи на 24.309.

Министерот за здравство, Стојчо Кацаров и претставниците на струковите организации на Бугарија изутринава излегоа заедно со предупредување до граѓаните: „Ситуацијата е критична. Вакцинирајте се!“ Во Бугарија е многу силно антиваксерското лоби.

Откако првите денови по воведувањето на ковид сертификатите за влегување во затворен простор нагло се зголеми интересот за вакцинација, последниве неколку дена тој повторно опадна – вчера биле администрирани 14.545 дози. Бројката на вакцинираните од вкупното население е малку над 20 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This