дома Актуелно АМБАСАДАТА НА САД БЛОКИРА ЛУЃЕ НА ТВИТЕР: По неколку прашања на Твитер...

АМБАСАДАТА НА САД БЛОКИРА ЛУЃЕ НА ТВИТЕР: По неколку прашања на Твитер во врска со изборот на Бурчевска за Евровизија, му го блокирале Твитерот!

Изборот на Јана Бурчевска за претставничка на Македонија на следниот избор за Евровизија помина релатинво незабележано во Македонската јавност, што поради апсолутната незаинтересираност на јавноста за настанот, но и поради предизборната кампања која е во тек

Изборот немаше да влезе ниту во нашиот фокус доколку не добиевме неколку пораки од наш иселеник во Франција, кој неколкупати испратил пораки, односно јавно барал одговори од Амбасадата на САД во Македонија за тоа дали Митко Бурчевски, десна рака на секој амабасадор на САД во Македонија, и е татко на Јана Бурчевска, и дали можеби тој интервенирал при изборот на Јана Бурчевска за претставничка на Македонија на Евровизија?

Прашањето го испратил неколкупати, по што му бил блокиран пристапот до Твитер.

Јана Бурчевска е релативно непозната пред Македонската јавност, со исклучок на настапите на „Македонски Идол“, каде што доби високи оценки за нејзиниот талент. Но, никој не претпоставуваше дека токму еден „Идол“ би ја претставувал Македонија на „Евровизија“.

Прашањето останува отворено. Зошто Амбасадата на САД не возвратила со одговор, туку наместо тоа корисникот на Твитер е блокиран откако поставил неколку незгодни прашања во врска со изборот за претставник на Евровизија?

„Ми го блокираа Твитер акаунтот. Очигледно дека главниот уредник на МРТ е нјдобар другар со таткото на Јана, а профилот на Јана е како оној на членовите на СДСМ. Тие го напаѓаат ВМРО, а тие се најлоши?“

На нашето прашање зошто е блокиран, тој ни одговори дека „незнае точно“ но дека се сомнева „бидејќи ја означив и Амбасадата на САД“ во прашањата кои ги поставувал во врска со изборот на Јана Бурчевска за преставник на Евровизија!