дома Македонија АМДИ БАЈРАМ:Никола Груевски се тргна, нормално и јас се тргам

АМДИ БАЈРАМ:Никола Груевски се тргна, нормално и јас се тргам

Пратеникот Амди Бајрам на собраниската дискусија за реконструкција на Влада изјави дека го потврдува ставот оти тој е во коалиција со тој што е на власт.

– Жал ми е што ве напуштам, но морав, јас сум со тој што е на власт. Така е во политиката, никој со никого не е во брак, маж и жена се разведуваат а не пак јас да ја напуштам коалицијата. Морам да се грижам за мојот народ. Од Заев не барав министерско место, Груевски се тргна и јас се тргнав од ВМРО-ДПМНЕ – рече пратеникот Амди Бајрам.