дома Македонија АМДИ ВО КОАЛИЦИЈА СО ЗАЕВ: Владината коалиција се прошири со партијата на...

АМДИ ВО КОАЛИЦИЈА СО ЗАЕВ: Владината коалиција се прошири со партијата на Амди Бајрам

Сојузот на Ромите на Амди Бајрам станува дел од владината коалиција предводена од СДСМ. Премиерот Зоран Заев рече дека нема да добие министерско место, туку ќе добие одговорност на други позиции. Тој не сакаше да открие која партија кое министерско место ќе го преземе.


„Досега имаме постигнато договор со Беса на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам, кој дејствуваше независно, но ги поддржуваше политиките на власта. Продолжувам и понатаму да разговарам и со други субјекти. Не би спомнувал имиња затоа што треба органите и телата на партиите да одлучуваат. Штом тоа ќе биде готово, ќе биде соопштено од самите партии што ги номинираат кандидатите“, рече Заев и додаде дека, за него, пред сè, е најважно за какви личности се работи.