дома Свет АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ КАЈ ТЕРОРИСТИТЕ: Сириската армија пронајде терористички бункер полн со оружје...

АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ КАЈ ТЕРОРИСТИТЕ: Сириската армија пронајде терористички бункер полн со оружје од американско производство

Сириската армија во Сирискиот град Думејр североисточно од Дамаск пронајде големо количество оружје, меѓу кое пронајде и ракети од американско производство, пренесува сириската национална агенција Сана.

“Одреди на армијата при претресот на Думејр конфискуваа големи количества оружја, муниција и воена техника која припаѓа на терористите од Нусра фронтот, во областа Махата “, наведува агенција.