дома Актуелно АМЕРИКАНЦИ ПРЕДЛАГААТ НОВО ЗНАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Американскиот мировен корпус дизајнираше знаме со...

АМЕРИКАНЦИ ПРЕДЛАГААТ НОВО ЗНАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Американскиот мировен корпус дизајнираше знаме со двоглав орел како ново Македонско знаме!

Двоглав орел комбиниран со актуелното знаме на Македонија со неколку направени промени е знамето дизајнирано од американски мировник од Мировниот корпус во Македонија.

Станува збор за американецот Конер Андерсон, кој во последните две години придонесуваце во општина Теарце со конкретни проекти преку Мировниот корпус.

На 19 декември 2018 година, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани, оствари прошталната средба со американскиот волонтер, Конер Андерсон.

Г-динот Андерсон е стациониран во администрацијата на општина Теарце и за период од две години придонесуваше со конкретни проекти во корист на сите граѓани на Општина Теарце преку Мировниот корпус. Ние сме благодарни за заедничката работа направена досега.

Г-дин Андерсон не почести со предлог за знаме за сите граѓани на Република Македонија, како треба да изгледа знамето на Република Македонија.

Останува на јавноста да оцени.Општина Теарце, стои во фејзбук статусот на градоначалнкот на општина Теарце.