САД ја превзема најнепопуларната лидерска позиција меѓу листата на нации со најмногу потврдени случаи на коронавирус, откако бројот на инфицирани во земјата се искачи на над 82.000 потврдени случаи, според листата која ја состави Универзитетот „Џон Хопкинс“
Непопуларната позиција САД ја постигна во четвртокот, а според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“, во моментов во САД има 82.404 случаи на инфицирани лица од коронавирус, надминувајќи ја Италија која има 80.589, и Кина со 81.782 која сега е втора на листата.
BREAKING: U.S. now has most confirmed COVID-19 cases in the world, per Johns Hopkins University. https://t.co/H5Xd9uxp5N pic.twitter.com/0rKs4VvXt2
— Evan McMurry (@evanmcmurry) March 26, 2020
Со околу 150 жртви потврдени до четвртокот, КОВИД-19 до денес ги одзема животите на вкупно 1.177 Американци. Во четвртокот беше потврдена и бројка на заразени која за прв пат од заразата е потврдена од над 525.000 инфицирани низ светот.
Претседателот на САД Доналд Трамп, запрашан за Италија, рече дека оваа бројка на заразени е регистрирана благодарение на масовното тестирање низ земјата, додека во Италија тоа не било случај.
Трамп беше скептичен во врска со бројката на заразени во Кина, сметајќи дека најверојатно се крие вистинската бројка.