дома Свет АМЕРИКА СЕ ПОГРЕШНО РАЗБРА: Аналитичар на ЦИА ги открива погрешните проценки на...

АМЕРИКА СЕ ПОГРЕШНО РАЗБРА: Аналитичар на ЦИА ги открива погрешните проценки на САД во светот!

САД се „имаат погрешно разбрано“ кога станува збор за Садам Хусеин и Ирак, тврди аналитичарот на ЦИА Џон Никсон кој го истражувал бившиот ирачки лидер

Во текстот по повод 10 години од погубувањето на Хусеин, Нискон, кој имал неколку разговори со него, тврди дека Америка направила критични грешки во врска со својата интервенција во Ирак, и тоа на повеќе начини, пишува „Мејл он сандеј“.

Никсон вели дека е посебно и потполно погрешно гледиштето на ЦИА врз ставовите на Хусеин во врска со користењето на хемиското оружје.

Според зборовите на Никсон, погрешиле и во врска со здравствената состојба на Хусеин, личните навики и директнот вмешување на Хусеин во управувањето со Ирак. Никсон го критикува и ставот на тогашниот претседател н САД Џорџ БУш, кој во врска со Ирак „слушал само она што сакал да го слушне“. За време на истрагат, Никсон го прашал Хусеин дали размислува за превентивен напад со оружје за масовно уништување на американската база во Саудиска Арабија. Одговорот бил: „Никогаш не сме размислувале за користење на такво оружје. За тоа не се ни расправало. Користењето на хемиско оружје против светот? Кој нормален би го направил тоа? Кој нормалн би користел такво оружје кога такво не е искористено против нас?“. Никсон признава дека тоа не било тоа што сакал, или очекувал да го слушне.

„Ирак не е терористичка држава. Немаме никаква врска со Осама Бин Ладен, ниту оружје за масовно унишутвање, ниту сме некаква закана за нашите соседи, но американскиот претседател рекол дека Ирак сака да го нападне нивниот сојузник и дека имаме оружје за масовно уништување“, рекол Хусеин.

Тој всушност, како што пренесува аналитичарот на ЦИА, верувал дека нападите од 11 септември 2001.година би можеле да ги приближат Иран и САД, бидејќи Вашингтон имал потреба од секуларна влада во борбата против фундаментализмот. Никсон вели дека од испитувањата сватил дека Хусеин бил незаинтересран за тоа што работи неговата влада и дека воопшто немал вистински план за одбрана на земјата. Хусеин рекол дека Американците ќе доживеат неуспех во Ирак. „Ќе сфатите дека не е лесно да се владее со Ирак“, што на крајот историјата го потврди, констатира во текстот.