дома Македонија АМСМ: Проодни гранични премини без чекање, но внимавајте на одрони

АМСМ: Проодни гранични премини без чекање, но внимавајте на одрони

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, известуваат од АМСМ.

Исто така, АМСМ  предупредува дкеа ќе има времен режим во сообраќајот  на одредени локации во земјава и тоа: pоставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци.  Додека на патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ  препорачува секаде низ земјава да се вози многу внимателно поради можни одрони.