дома Свет (Видео) Амepикaнcки ceнатop пpeдупpeдува дeкa HЛО лeтaaт нaд амepикански вoeни бaзи

(Видео) Амepикaнcки ceнатop пpeдупpeдува дeкa HЛО лeтaaт нaд амepикански вoeни бaзи

Американскиот сенатор Марко Рубио ја разбранува јавноста со изјава дека има сознанија за неидентификувани летечки објекти (НЛО) кои летаат над американските воени бази и дека Владата не знае за што станува збор.

Републиканскиот сенатор од Флорида изјави дека чека извештај од шефовите на разузнавачките служби кои ќе го известат Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат за „неидентификувани летечки појави“ што се закануваат на воените бази.

Во невообичаено интервју на аеродромот за онлајн таблоидот ТМЗ, Рубио коментира дека инсистира на одговори за неидентификуваните летечки објекти, „кои летаат над воените бази”.

Според него, никој не знае за што станува збор, па дури ни владата на САД.

Американските воени пилоти и сателити регистрираа „многу повеќе“ неидентификувани летечки објекти (НЛО) отколку што беше јавно соопштено – изјави поранешниот директор за разузнавање Џон Ратклиф, кој служеше за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп

Извештајот за НЛО се очекува да биде објавен во јуни како дел од последните мерки што Доналд Трамп ги потпиша пред да си замине од власт.