November 29, 2022, 3:39 pm

Анализа: Новата Доктрина на ВМРО-ДПМНЕ – Главни поенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На последниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, 17ти по ред, што пак симболизира континуитет од 1893 и Солунскиот конгрес, партијата објави нова доктрина на организациско дејствување. .

Обемниот документ од 10.000 зборови е поделен во три категории, односно „Темелни вредности“, „Основни цели и задачи“, како и „Наши теми“. Со цел скратено појаснување и осврт на суштинските елементи, во оваа анализа се извлекуваат главните поенти и насоки кои ќе го трасираат патот на органзацијата во периодот кој следи.

Како што е случајот со документите кои содржат преамбула или апстракт, така и во овој, содржината е симболична, повикувајќи се на историски континуитет, Илинден и АСНОМ, како и вредностите на Европската унија.

Суштинскиот дел од воведот е во констатацијата за кризните состојби на државата, ставајќи акцент на националното разнебитување, за кое што се вели дека никој нема право да го менува и оспорува правото на граѓаните на индивидуален и колективен идентитет.

Основната содржина на доктрината започнува со темелните вредности, кои пак не отстапуваат од класичните конзервативни и центар-десничарски вредности, партијата исто така покажува силна посветеност кон евро-интеграциските процеси, водејки се од неостварниот стратешки интерес за членство во ЕУ.

Вредностите на партијата може да се поделат во неколку групи, а како прво и приоритетно групирање се евро-интеграциските цели.

Имено, принципите за правната држава и владеење на правото, безусловно почитување на човекови права и граѓанските слободи, индивидуализмот, како и демократијата, кои пак се реторика која редовно се употребува во извештаите на Европската унија. 

Второто групирање е карактеристично за конзервативните партии, односно, традиционалните културни вредности, вклучувајќи и рамноправност различните етнички групи.

Во овој дел особено се посветува внимание на македонскиот идентитет и негова заштита.

Интересно е тоа што приодот на проблематиката, организацијата го гледа преку културата, односно делот каде што се вели дека ќе се заложи за правата на Македонците и граѓаните на Република Македонија каде и да живеат во светот, како и дека ќе го гради македонскиот културен простор базиран на етничка, јазична, политичка или географска припадност кон Македонија.

Организацијата ги зацртува вредностите врз кои смета дека треба да се основаат економските политики на државата, ставајќи акцент врз пазарната економија, претприемништвото, пониски даноци, дерегулација на економските процеси како и приватната сопственост.

Особено внимание привлекува заложбата за помал државен апарат и отсуство на интервенционизам во економијата. Имајќи го во предвид веќе воспоставениот систем на „пазарџиско коалицирање“ за формирање Влада во Македонија, како и фактот што во државата веќе има голем број на министерства, очекувано е партијата да се соочи со сериозни предизвици при остварување на оваа цел.

Правосудниот систем, правдата и безбедноста се дел од четвратата група вредности, каде се споменува јакнење на државниот безбедносен систем и проактивно учество во НАТО.

Иако организациските вредности започнуваат со оние на Европската унија, во четвртиот дел, јасно е потенцирана заложбата за забрзна интеграција, но, со почитување на потребите, правата, јазикот и идентитетот на македонскиот човек. Што пак јасно дава до знаење дека се очекува партијата да пружи отпор и несогласување со идни потенцијални концесии за македонскиот национален идентитет.

Во петиот и краен дел на темелните вредности, истите се однесуваат најмногу на подобар здравствен систем и социјална заштита, како и поголема соработка со граѓанското општество и интерсовните групи. Се забележува дека тука за првпат е споменато и семејството како клучен елемент на сите конзервативни и демо-христијански партии, како и аспирациите за продлабочување на соработката со стратешките партнери.

Темелните вредности завршуваат со стремеж за поголема внатрепартиска демократија, како и поголема вклученост на органите и телата во носењето одлуки, по што во новата доктрина започнува делот на основните цели на ВМРО-ДПМНЕ.

Воведниод дел е поделен на три основни цели, односно,

1. Надеж за подобро утре и живот дома, во Македонија, а со тоа и одговор на дилемите за постоењто на македонска држава;

2. Спротиставување на дискусија околу идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ, како и борба за праведност, почит спрема македонскиот народ и држава во меѓународните односи;

3. Аспирација кон посилна мултиетничка, мулти-религиска и плуралистичка кохезија помеѓу луѓето, широк консензус, сплотеност и демократија;

Партијата во новата доктрина, основните цели и задачи ги заснова врз темелните вредности од првиот дел на документот, без посериозни отстапки од веќе воспоставените принципи на партијата, стремејќи се кон независност, достоинство, меѓу-етничко заедништво, владеење на правото, граѓанските и човекови права и слободи, македонскиот јазики и образованието, повисок животен стандард, мир и соживот.

Третиот дел од новата доктрина е наречен „Наши теми“ и содржи 17 точки, што пак наликува на платформа или основа врз која во иднина би се темелеле предизборните партиски програми и предлози пред граѓаните.

Воведниот дел, е наречен „Луѓето да живеат дома, да работат во Македонија!“ и е широка платформа за остварување економски цели и политики кои ќе создадат работни места за да се зачуваат сите луге дома, како и да се привлечат иселените лица назад.

  • „Ние ги почитуваме и негуваме темелните вредности и принципи на македонската економија: слобода на пазарот и претприемништвото; неприкосновено право на сопственост и правна заштита на сопственоста; рамноправен третман на приватната, државната и другите видови на сопственост; еднаква правна положба на сите стопански субјекти на пазарот; сопственоста, трудот и капиталот како единствени основи за остварување позитивен економски резултат; економска, но и социјална сигурност на македонските граѓани согласно македонскиот Устав„ – Пишува на самиот почеток од воведниот дел, што подоцна се разградува, се дообјаснува и ги прецизира начините, принципите и насоките на политиките кои треба да бидат превземени за тоа да се случи.

Впечатилво е тоа што освен економските, недостасуваат дел од другите причинители за иселувањето, односно широко распостранетата политизираност на општеството и недостиг на мерит-системот при вработување и избирање раководни лица.

Останатите точки кои што ја сочинуваат идната платформа, односно основа на која најверојатно партијата ќе ги темели своите идни предизборни програми се:

2. Образованието – столб на државата!

  • Модернизација и дигитализација.
  • Достоинство и интегритет за наставниците.
  • Еден универзитет помеѓу првите 500 на шангајската листа.

3. Дигитална Македонија

  • Покривање со интернет на најнедостапните места.
  • Поврзана и дигитализирана јавна администрација и институции.
  • Регулација и легализација на криптовалутите.
  • Сајбер безбедност.
  • Македонија, технолошки лидер на балканот.

4. Македонија за сите луѓе, патека кон заеднички патриотизам

  • Надградба на духот на крушевскиот манифест.
  • Силна одважност и презир кон сите кои ги злоупотребуваат разликите.
  • Изолација на сите регресивни сили кои живеат од и за поделбите.
  • Граѓанинот како носител на суверенитетот.

5. Македонија дел од Европа

  • Интеграција на Македонија во Европпската унија преку почитување на македонскиот национален идентитет.
  • Зацврстување на односите со државите со кои Македонија има потпишано договор за стратешко партнерство.
  • Добрососедските односи базирани на взаемно почитување и соработка, како и еднаквост во правата и обврските.
  • Право на реципроцитет во меѓусебните односи, како политичка алатка, но и вредност, за одбрана на македонскиот идентитет.

6. Проактивно членство во НАТО и градење силна национална безбедност

  • Проактивното членство во НАТО.
  • Подобрување на безбедноста во Македонија и зголемување на довербата на граѓаните на Македонија во безбедносните институции.
  • Градење на ефикасен систем на заштита на граѓаните.

7. Хуман здравствен систем.

  • Здравствен систем кој ќе биде ефикасен и достапен за секого.
  • Силен јавен здравствен систем и поддршка на здрава и силна конкуренција во приватното здравство.
  • Особен акцент на здравјето на децата, а во насока на одгледување и создавање здраво потомство и популација.

8. Семејство

  • Борба против малолетничката деликвенција и грижата за социјално ранливите групи, како и грижата за потребите на децата со попречености.
  • Заштитата на жената од сите форми на родово-базирано насилство.
  • Силна и стабилна држава на социјална правда, држава на еднакви шанси за успех на сите граѓани.
  • Реформа во системот на социјалното и пензиското осигурување.

9. Македонија – дом на лицата со попреченост

  • Подобрен пристап до работните места.
  • Комбиниран систем на квотно вработување на лицата со инвалидитет.
  • Активни стимулативни мерки за приватните работодавачи кои ќе вработуваат лица со инвалидитет.

10. Развој на селото и модерно земјоделство

  • Селата во Македонија треба да прераснат во современи земјоделски центри.
  • Квалитетен и брз развој на инфраструктурата, оптимизација на стопанската структура, заштита на животната средина, подигнување на животниот стандард на луѓето на село и креирање политики за поттикнување на реемиграција на населението од урбаните центри кон руралните подрачја.
  • Инвестициона политика за подигање на техничката опременост на средствата за работа.
  • Превентивна заштита на шумите, спречување на бесправно и неконтролирано сечење.
  • Зголемување на шумскиот фонд преку пошумување на голините и ерозивните терени.

11. Енергетиката, нов стратешки приоритет

  • Професионалното менаџирање без корупција.
  • Целосна гасификација на домаќинствата и пристап до гас за бизнисите.
  • Зголемувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти.
  • Заштитата на животната средина.

12. Договор со граѓаните за заштита на животната средина

  • Одржлив развој и унапредување на животната средина се потпира на три основни постулати: утврдување на пожелни и општествено прифатливи цели за одржливиот развој на животната средина следејќи ги Целите за одржлив развој на ООН.
  • Еколошката репродукција на животната средина.
  • Иновативни еко решенија во енергетиката, сообраќајот и централните и индивидуални системи за затоплување на домовите.
  • Соодветен третман на комуналниот отпад.

13. Праведна правда без толеранција за корупција

  • Од сегашното 111 место на рејтинг скалата на држави по индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси, да ја внесеме во најдобрите 50.
  • Државните органи наместо покорно да им служат на политичарите, треба да бидат слуги на граѓаните.
  • Трансформирање на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти.
  • Отстранување на системските аномалии што ја толерираат корупцијата, како и целосна одговорност и транспарентност, отчетност и ефикасност во работењето на сите институции и државни органи.

14. Крај на бирократијата

  • Отворено, транспарентно, отчетно и ефективно раководење со ресурсите.
  • Вистински ефикасен сервис на граѓаните во остварувањето на нивните права, кој ќе го помага економскиот раст и обновата во Република Македонија.
  • Укинување и поедноставување на закони и правилници во насока на либерализација на водењето бизнис, како и детектирање на бирократските лавиринти и нивно надминување во соработка со бизнис-заедницата и граѓаните.
  • Македонија мора да преземе активности за функционално и структурално реорганизирање на институциите, што подразбира спојување, затворање или отворање нови институции во зависност од системските потреби.
  • Комплетната дигитализација на јавните услуги треба да води кон зајакната ефикасност на јавната администрација.

15. Спортот, нов државен концепт

  • Инволвирање во спортот и физичка активност на сите деца од најрана возраст.
  • Едукација за правилна исхрана, запознавањето со важноста на физичката активност.
  • Лицата со телесна и друга попреченост,  со еднаков третман и услови за занимавање со спорт.
  • Поддршка на младите спортисти, спортските клубови и сите спортски работници.

16. Културата и историското наследство се наш вредносен суперлатив

  • Заштита на културното наследство во функција на промоција и афирмациjа на културните вредности на Македонија.
  • Унапредување на условите за развивање на културата и подобрување на статусот на културните работници во Македонија.
  • Силна стимулација на творештвото на авторите од Македонија, без оглед на верската, етничката, политичката и друга припадност.

17. Македонската дијаспора е нераскинлив дел од националното ткиво

  • Безбедна, диверзитетна и просперитетна македонска нација, обединета преку нашето историско наследство, јазик и култура без оглед на границите на државите во кои Македонците престојуваат или живеат.
  • Јакнење на македонскиот национален идентитет, култура и јазик кај дијаспората.
  • Продолжение со воспоставената практика на привлекување на успешни членови на македонската дијаспора да живеат и работат во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This