дома Македонија Ангелов: До 10 часот активни се само четири пожари

Ангелов: До 10 часот активни се само четири пожари

Во моментот на одржувањето на прес конференцијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во 10:00 часот, во земјава има четири активни пожари, информираше првиот човек на Центарот, Стојанче Ангелов. Како што кажа тој, очекувањата се дека барем еден од нив ќе биде изгаснат до крајот на денешниот ден.

-Вчера имаше 14 активни пожари, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири денеска ќе биде целосно изгаснат, а тоа е пожарот во општина Берово, над селото Будинарци. За него вчера направивме контролиран контра-пожар со кој го ограничивме реонот на кој може да се шири пожарот, рече Ангелов.