дома Актуелно (Видео) Ангeлoв: Нe сaкaм ни да пoмиcлaм дeкa нeкoј укрaл мoтoрна пилa...

(Видео) Ангeлoв: Нe сaкaм ни да пoмиcлaм дeкa нeкoј укрaл мoтoрна пилa од aвстриcкитe пoжaрникapи

Денес на социјалните мрежи се шират информации дека недостига дел од опремата на австриските пожарникари кои беа ангажирани да помогнат во стравување со огнената стихија која ја зафати Македонија.

На денешната прес-конференција на Ангелов која се одржа во Главниот штаб на ЦУК, покрај презентација на новиот систем НИКС за контрола на пожарите , тој одговори и на новинарско прашање поврзано со исчезнатата опрема.

– Тоа е вулгаризирање. Прочитав на Фејзбук дека недостасувала една моторна пила, таа може да е било каде, зафрлена, изгубена. Не заборавајте дека се работеше за пожар, гора дрвја, огин беше на сите страни, не сакам ни да помислам дека некој украл една моторна пила која што има вредност од некои стотина евра, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.