дома Свет Анкара вечерва ја стресе силен земјотрес

Анкара вечерва ја стресе силен земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,7 степени, вечерва ја потресe Анкара чиј епицентар беше во анкарскиот кварт Калечик.

Според податоците епицентарот бил на 25 километри северозападно од градот Кирикале, со популација од 211.000 жители и 43 километри источно од Анкара.

Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, рече: „Нема загубени животи или имот во областа Калечик. Јавноста ќе биде информирана за сите новости.

Покрај тоа, градоначалникот на општина Анкара, Мансур Јаваш, изјави дека екипите биле во состојба на готовност по земјотресот.