дома Македонија АНКЕТА НА М-ПРОСПЕКТ: Разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски во рамките на статистичка...

АНКЕТА НА М-ПРОСПЕКТ: Разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски во рамките на статистичка грешка

Во рамките на статистичка грешка е разликата меѓу кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска. Половина од нивниот рејтинг го има третиот кандидат Блерим Река. Најновата анкета на М-Проспект покажува дека пред официјалниот почеток на кампањата, голем процен на анкетираните или 18,3 отсто се уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат, а за 17,9 проценти ниту еден од кандидатите не е прифатлив, пренесува Телма.

Агенцијата М-проспект ја спроведе оваа телефонска анкета во периодот од 13-19 март на стандарден примерок од 1.001 испитаници, а резултатите се подложни на статистичка грешка од 3,1 отсто .