дома Економија АНЃУШЕВ НЕГИРА: Со сигурност можам да кажам дека „Фолксваген“ нема донесено одлука...

АНЃУШЕВ НЕГИРА: Со сигурност можам да кажам дека „Фолксваген“ нема донесено одлука да инвестира во Србија

Мислам дека е многу несериозно за таква сериозна компанија да се прави дневна политика, изјави денеска вицепремиерот, Кочо Анѓушев, за неофицијалните информации дека е донесена одлука германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ својата нова фабрика да ја отвори во Србија.

Анѓушев декеска изјави дека не може да потврди, но дека не може ниту да одрече ништо во врска со тоа.

-Тоа ја надминува бизнис етиката. Инвестиција се објавува кога инвеститорот ќе донесе одлука. Моите сознанија се дека се уште ја разгледуваат можноста за отворање на фабрика во Југоисточна Европа. Она што со сигурност можам да кажам е дека одлука за Србија не е донесена – рече Анѓушев.