дома Македонија Анѓушев, Тевдовски, Дескоска на света божествена литургија во Соборна

Анѓушев, Тевдовски, Дескоска на света божествена литургија во Соборна

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божик на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски.


Утрово, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Дарио Сотировски, присуствуваше на Божиќна литургија во соборниот храм „Св. Богородица“ во Гостивар, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на литургијата во црквата „Свети Димитрија” во Крива Паланка.

Како што информираат од владината прес-служба, со присуството на своја делегација и претставници на овој свечен празничен чин, Владата на Република Македонија се придружува на прославувањето на Христовото раѓање заедно со сите православни христијани и упатува честитки по повод празникот Божик.