дома Социјални Мрежи АПАСИЕВ СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА: Битанги и апаши се преставуваат како “великани“ на...

АПАСИЕВ СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА: Битанги и апаши се преставуваат како “великани“ на работниците!

Унверзитетскиот професор Димитар Апасиев кој во исто време е дел од политичката партија Левица, преку цитат од Џон Кенет Галбрајт ја прокоментира информацијата дека министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска ќе го предводи првомајскиот работнички протест.

-Водењето политика која привидно ги штити РАБОТНИЦИТЕ може, во очите на јавноста, да ги претвори т.н. синдикални лидери – тие обични битанги и апаши – во ‘великани‘ на синдикалното движење“
(проф. Џон Кенет Галбрајт) #МилаЦаровскаЌеГоПредводелаПрвомајскиотПротест – напиша професорот Апасиев на неговиот фејсбук профил.