дома Здравје АПЛИКАЦИЈА ЗА УСПЕШНА ДИЕТА: Секогаш ќе знаете колку калории има вашиот оброк

АПЛИКАЦИЈА ЗА УСПЕШНА ДИЕТА: Секогаш ќе знаете колку калории има вашиот оброк

Доколку сте посветени на диетата, ова е апликација што многу ќе ви користи

Благодарение на новата апликација со назив „Луз ит“, ќе можете секогаш успешно да утврдите колку калории има некој оброк.
Апликацијата го пресметува бројот на калории врз основа на фотографијата од оброкот што ја внесува самиот корисник.

Апликациите за слабеење со години наназад нудат можност за пресметување на калории, но корисниците требаше мануелно да внесуваат повеќе вредности, за да се дојде до прецизна пресметка.

Оваа апликација значително го забрзува процесот, бидејќи сè што треба да направите е да го фотографирате оброкот што ќе го јадете.

Корисниците на Андроид може да ја преземат на овој линк, а на iOS тука.