дома Македонија АПЛИЧНИСТИЧКА ВЕЖБА: Утре времен прекин на работата на Жичарницата на Водно

АПЛИЧНИСТИЧКА ВЕЖБА: Утре времен прекин на работата на Жичарницата на Водно

Поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, утре Жичарницата на Водно нема да работи до 12 часот.

Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.

Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полициjaта, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичарницата, информираат од ЈСП- Скопје.