дома Хроника Апсен затоа што отишол на гробишта

Апсен затоа што отишол на гробишта

Рано изутринава околу 04.00 часот од својот дом во населбата Ѓорче Петров бил уапсен Кристијан Јандриоски, силен критичар на власта на социјалните мрежи

Според неговата ќерка, која на неговиот профил објави за апсењето на Јандриоски, изутрината со четири службени автомобили околу 10 полициски службеници го уапсиле нејзиниот татко.

„Енџи е

Пред саат време 4 коли полиција дојдоа кај нас влегоа го земаа татко ми.Од двор го изнесоа 10 души у станица е…
До кога вака бе?????“ – напиша таа на профилот на Кристијан Јандриоски.

Неофицијално, Јандриоски е уапсен бидејќи во текот на вчерашниот ден го посетил гробот на неговиот чичко и неговата мајка.