дома Хроника АРАЧИНОВЕЦ И БЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Бркотница во скопска Автокоманда – полицијата уапси...

АРАЧИНОВЕЦ И БЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Бркотница во скопска Автокоманда – полицијата уапси 35-годишен маж

Бркотница на булевар „Александар Македонски“, уапсен 35-годишен Арачиновец. Според информациите на МВР, вчера околу 13:30 часот при сообраќајна контрола на булеварот „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и продолжило да се движи.

Возилото е сопрено на булевар „Никола Карев”, а возачот Љ.М.(35) од село Арачиново, скопско е приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.