дома Актуелно АРМ ПРЕТСТАВЕНА КАКО БУГАРСКИ БАТАЉОН: Шеќеринска ја побугарчи Армијата на Р.Македонија на...

АРМ ПРЕТСТАВЕНА КАКО БУГАРСКИ БАТАЉОН: Шеќеринска ја побугарчи Армијата на Р.Македонија на парада во Бугарија

Војници од Армија на Република Македонија денеска првпат беа дел од воената парада во Софија во чест на Денот на храброста и на Бугарската армија, која се одржа на плоштадот „Кнез Александар Први“ во центарот на бугарскиот главен град.

Вкупно 75 припадници на 4. Механизиран пешадиски баталјон, меѓу кои и една жена, беа поздравени и му отпоздравија на бугарскиот претседател Румен Радев.

Македонските војници последни продефилираа пред централната бина, по што почна претставувањето на военовоздухопловните сили на Бугарија.

Меѓу официјалните гости на прославата на државниот празник на Бугарија беа и заменик-министерот за одбрана на Македонија, Беким Максути, како и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал полковник Методија Величковски.

„Дебито“ на АРМ на одбележувањето на 140-годишнината од формирањето на Бугарската армија било договорено за време на неодамнешната посета на Радев на Скопје, кога специјална покана упатил бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Наскоро ќе имаат заедничка обука силите за специјални операции на двете земји, а минатиот месец во Сливен беше спроведена обука за македонски војници на тенк Т-72.